1 00:00:04,366 --> 00:00:06,688 Ова е ESOcast! 2 00:00:06,848 --> 00:00:14,604 Врвна технологија и животот зад сцената во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија. 3 00:00:30,427 --> 00:00:34,107 ЕЅО располага со три прво - класни опсерватории во Чиле. 4 00:00:35,844 --> 00:00:40,965 Астрономите ги користат овие телескопи за да ги проучуваат објектите кои се блиску до нас во Соларниот Систем, 5 00:00:40,965 --> 00:00:45,505 како и оние кои се наоѓаат во најоддалечените делови од познатата Вселена. 6 00:00:46,218 --> 00:00:50,746 Опсервациите со телескопите на ЕЅО придонеле за повеќе откритија во астрономијата, 7 00:00:50,746 --> 00:00:56,737 и во текот на минатото придонеле за неколку навистина маркантни откритија. 8 00:00:58,852 --> 00:01:04,203 Еве ја листата на досегашните 10 врвни достигнувања на ЕЅО. 9 00:01:15,473 --> 00:01:23,634 Со помош на Многу Големиот Телескоп на ЕЅО биле пронајдени најсјајните галаксии во раната Вселена 10 00:01:23,634 --> 00:01:29,555 и биле пронајдени докази дека во овие галаксии се наоѓаат ѕвезди од првата генерација- 11 00:01:29,555 --> 00:01:33,292 ѕвезди кои до тој момент постоеле само теоретски. 12 00:01:35,210 --> 00:01:41,085 Овие големи, сјајни објекти биле творци на првите тешки елементи - 13 00:01:41,085 --> 00:01:46,495 елементи кои се неопходни за создавање на денешните ѕвезди, 14 00:01:46,495 --> 00:01:50,930 планетите кои орбитираат околу нив и воопшто на целиот живот. 15 00:02:00,547 --> 00:02:05,726 Телескопите на ЕЅО пронашле непобитен доказ за постоењето на експлозиите на гама - зраци 16 00:02:05,726 --> 00:02:12,259 и ги поврзале со експлозиите на масивните ѕвезди, со што била решена уште една мистерија. 17 00:02:13,521 --> 00:02:21,044 Телескопот од Ла Сила ја регистрирал првата видлива светлина од кратки експлозии на гама - зраци, 18 00:02:21,044 --> 00:02:29,182 со што било покажано дека оваа фамилија на објекти најверојатно потекнуваат од колизијата на неутронски ѕвезди. 19 00:02:37,309 --> 00:02:45,168 Со помош на инструментот HARPS, астрономите од ЕЅО во 2010 година откриле планетарен систем со најмалку пет планети, 20 00:02:45,168 --> 00:02:49,778 кои орбитирале околу ѕвездата HD 10180, која е слична на нашето Сонце. 21 00:02:51,589 --> 00:02:55,443 Тие исто така откриле доказ за постоењето на уште две планети, 22 00:02:55,443 --> 00:03:02,675 од кои едната, доколку се докаже нејзиното постоење, ќе биде егзо - планета со најмала маса. 23 00:03:04,343 --> 00:03:12,135 Новите опсервации, како и повторната анализа на податоците укажуваат дека е можно околу ѕвездата да орбитираат уште повеќе ѕвезди. 24 00:03:19,289 --> 00:03:26,196 Со помош на Многу Големиот Телескоп на ЕЅО биле откриени молекули на јаглерод моноксид во една далечна галаксија, 25 00:03:26,196 --> 00:03:29,401 како што постоела пред 11 милијарди ѕвезди, 26 00:03:29,401 --> 00:03:34,786 нешто што не можело да биде докажано во последните 25 години. 27 00:03:35,595 --> 00:03:43,003 Ова откритие им овозможило на астрономите да извршат прецизни мерења на температурата во Вселената во дамнешни времиња, 28 00:03:43,003 --> 00:03:48,367 која се совпаднала со температурата предвидена во теоријата на Големата експлозија. 29 00:03:55,918 --> 00:04:02,893 Со Многу Големиот Телескоп била за прв пат анализирана атмосферата околу една егзо - планета од типот на супер - Земја. 30 00:04:03,521 --> 00:04:07,120 Оваа планета, позната како GJ 1214b, 31 00:04:07,120 --> 00:04:15,572 била проучувана во моментот кога поминувала пред нејзината родителска ѕвезда и дел од нејзината светлина била филтрирана преку атмосферата на планетата. 32 00:04:16,533 --> 00:04:20,841 Било пронајдено дека атмосферата во најголем дел била изградена од вода во форма на пареа, 33 00:04:20,841 --> 00:04:24,975 кои биле групирани во густи облаци или магла. 34 00:04:32,344 --> 00:04:39,680 Со помош на Многу Големиот Телескоп, астрономите на ЕЅО ја измериле староста на најстарата ѕвезда во Млечниот пат. 35 00:04:39,680 --> 00:04:48,806 Оваа ѕвезда е стара 13.2 милијарди ѕвезди, што значи дека била формирана во раните стадиуми од создавањето на Вселената. 36 00:04:49,700 --> 00:04:58,338 Во една од ѕвездите во Млечниот пат бил откриен ураниум. 37 00:05:06,527 --> 00:05:12,053 Со МГТ била направена првата слика од планета надвор од Соларниот систем. 38 00:05:12,587 --> 00:05:20,364 Оваа планета, со маса за пет пати поголема од онаа на Јупитер, орбитира околу кафено џуџе- 39 00:05:20,364 --> 00:05:26,484 на растојание кое е за 55 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. 40 00:05:35,500 --> 00:05:41,027 Во 2014, Големата атакамска милиметарска / субмилиметарска мрежа (ALMA), 41 00:05:41,027 --> 00:05:45,368 открила неверојатни детали за еден соларен систем кој е во фаза на создавање. 42 00:05:50,151 --> 00:05:56,409 Сликите од ХЛ Бик биле најбистрите, направени на субмилиметарски бранови должини. 43 00:05:59,033 --> 00:06:06,021 На нив е прикажано како со создавањето на планетите доаѓа до поврзување на меѓу - ѕвездената прашина и гас во прото - планетарен диск. 44 00:06:13,826 --> 00:06:18,446 Еден од најгордите моменти за ЕЅО се случил кога два независни истражувачки тима, 45 00:06:18,446 --> 00:06:23,412 во кои бил вклучен и персоналот на ЕЅО, дошле до едно навистина неверојатно откритие: 46 00:06:23,412 --> 00:06:30,111 не само што Вселената се проширува, таа се проширува со темпо кое постојано се зголемува. 47 00:06:30,561 --> 00:06:36,876 Откритието на двата тима се базирало на опсервации на експлозии на ѕвезди или супер - нови, 48 00:06:36,876 --> 00:06:42,714 вклучително и на мерењата направени со помош на телескопите на ЕЅО во Ла Сила и Паранал. 49 00:06:43,558 --> 00:06:49,340 Ова откритие добило Нобелова награда за физика во 2011 година. 50 00:06:58,940 --> 00:07:00,271 И на крај.... 51 00:07:00,271 --> 00:07:11,200 Неколку клучни телескопи на ЕЅО биле користени во 20 - годишната студија за добивање на детален преглед на чудовиштетото кое живее во центарот на нашата галаксија - 52 00:07:11,200 --> 00:07:14,112 супер - масивна црна дупка. 53 00:07:19,486 --> 00:07:26,708 Астрономијата постојано оди напред, а врвните 10 откритија на ЕЅО не се запишани на камен. 54 00:07:27,556 --> 00:07:32,258 Се додека астрономите ја проучуваат Вселената од опсерваториите на ЕЅО, 55 00:07:32,258 --> 00:07:36,762 ќе следат неочекувани и сјајни откритија. 56 00:07:37,153 --> 00:07:45,709 Кој знае какви откритија допрва ќе се случат и како ќе се најдат на нашата листа во иднина. 57 00:07:52,610 --> 00:07:57,729 Транскрипција на ЕЅО; превод на Андреј Стојчевски.