1 00:00:07,000 --> 00:00:12,000 Европскиот Екстремно Голем Телескоп, или E-ELT, 2 00:00:12,000 --> 00:00:18,000 ќе биде најголемиот телескоп за видлива и близу инфрацрвена светлина во светот. 3 00:00:18,000 --> 00:00:26,000 Во почетокот на декември 2014, советот на ESO ја одобри првата фаза од градењето на телескопот. 4 00:00:31,000 --> 00:00:33,000 Ова е ESOcast! 5 00:00:33,000 --> 00:00:42,000 Врвна наука и животот зад сцените во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија. 6 00:00:52,000 --> 00:00:57,000 За астрономијата денес поголеми, поточно многу поголемите телескопи, 7 00:00:57,000 --> 00:01:01,000 се неопходни за давање одговот на многуте важни неодговорени прашања. 8 00:01:03,000 --> 00:01:09,000 Скоро една деценија ESO работи заедно со својата корисничка заедница на европски научници 9 00:01:09,000 --> 00:01:14,000 за дизајнирање на таков нов џин - E-ELT 10 00:01:16,000 --> 00:01:20,000 Оваа одлука на советот на ESO значи дека најважните договри, 11 00:01:20,000 --> 00:01:26,000 вклучувајќи ги и оние за изградбата на куполата и структурата на телескопот, можат да бидат доделени според планот. 12 00:01:29,000 --> 00:01:35,000 E-ELT ќе има главно огледало со дијаметар од 39 метри. 13 00:01:35,000 --> 00:01:42,000 Ќе собира 13 пати повеќе светлина од било кој друг оптички телескоп во користење денес. 14 00:01:42,000 --> 00:01:45,000 Главното огледало нема да биде единечно. 15 00:01:45,000 --> 00:01:51,000 Тоа ќе се состои од 798 шестоаголни сегменти, 16 00:01:51,000 --> 00:01:56,000 секој од нив 14 метри широк и само 5 центиметри дебел. 17 00:01:59,000 --> 00:02:05,000 E-ELT има необичен оптички дизајн бидејќи користи пет огледала. 18 00:02:05,000 --> 00:02:15,000 Ова вклучува и напредна прилагодлива оптика која може да ги поправа нејасните астрономски слики настанати како резултат од атмосферски турбуленции. 19 00:02:15,500 --> 00:02:19,900 Прилагодливата оптика веќе се користи кај Многу Големиот Телескоп на ESO. 20 00:02:20,000 --> 00:02:30,000 Со користење на оваа техника, E-ELT ќе може да произведе фотографии 15 пати поостри од оние на вселенскиот телескоп Хабл. 21 00:02:34,000 --> 00:02:43,000 E-ELT ќе биде опремен и со врвни научни инструменти наменети за снимање на светлината соберена од телескопот. 22 00:02:47,000 --> 00:02:52,000 Куполата на E-ELT ќе биде вистински импозантна градба. 23 00:02:52,300 --> 00:03:02,000 Висината од 74 метри и дијаметарот од 86 метри ја прави неспоредлива со куполите на останатите телескопи. 24 00:03:05,000 --> 00:03:10,900 За идеален иден дом на E-ELT е одбран врвот на Серо Амазонес, 25 00:03:10,900 --> 00:03:19,000 планина висока 3000 метри во северниот дел на Чиле. Телескопот ќе биде на само 20 километри од Паранал, друга опсерваторија на ESO . 26 00:03:25,000 --> 00:03:31,600 Дел од врвот на Серо Амазонес беше разрушен на 19. јуни 2014. 27 00:03:31,600 --> 00:03:35,000 како почетен чекор кон порамнувањето на целиот врв. 28 00:03:39,000 --> 00:03:46,000 Оттогаш работите на планината и на патот от Паранал до Амазонес се одвиваат во најдобар ред. 29 00:03:48,000 --> 00:03:53,000 За изградбата на целиот телескоп ќе биде потребна цела деценија. 30 00:03:57,000 --> 00:04:04,500 Кога ќе почне со работа, E-ELT ќе се вклешти со некои од најголемите научни предизвици на денешнината. 31 00:04:07,000 --> 00:04:14,500 Ќе слика планети во орбита на други ѕвезди и ќе ги проучува нивните атмосфери во потрага по знаци на живот. 32 00:04:18,000 --> 00:04:22,000 E-ELT исто така ќе придонесува во развојот на космологијата 33 00:04:22,000 --> 00:04:26,700 со мерење на карактеристиките на првите ѕвезди и галаксии во вселената 34 00:04:26,700 --> 00:04:33,000 и со истражување на мистериозната темна материја и енергија. 35 00:04:36,000 --> 00:04:46,000 И не само тоа; астрономите очекуваат сознанија какви неможеме да предвидиме денеска. 36 00:04:49,000 --> 00:04:58,000 Европскиот Екстремно Голем Телескоп ќе биде огромен скок во нашата способност за набљудување на вселената околу нас. 37 00:04:58,000 --> 00:05:02,700 Најголемото око на светот вперено во небото ќе донесе изобилство нови отркитија 38 00:05:03,000 --> 00:05:06,520 и ќе револуционизира многу полиња на астрономијата. 39 00:05:07,000 --> 00:05:11,400 Ова означува почеток на една нова ера. 40 00:05:27,460 --> 00:05:31,880 Транскрипција од ЕСО; преведено од Марко Маневски